Monday, August 8, 2022
HomeЕстрадаве што се случува во Охрид, кога Јордан Митев настапува – ретко...

ве што се случува во Охрид, кога Јордан Митев настапува – ретко кој може да го обедини народот вака (ФОТО)

Јордан Митев минатата година гостуваше во емисијата Магазин и дека песната „Жена за сто години“ е посветена на неговата сопруга Славица Митревска, со која е четири години во брак и раскажа како се запознале.

-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде. Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува:

-Ваков човек како мене, лесно е да освои. Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

Сега е малку отежнато одењето во Австралија, но генерално сме овде, овде живееме, овде функционираме.“, рече познатиот пејач познат по веселата атмосфера што ја прави секаде каде што ќе настапи.

Потоа, водителката Јелена го праша дали е романтичен, а пејачот одговори: Што пишувам љубовни песни, и мислам дека сум солиден. Мислам дека тоа сопругата треба да го каже“, откри пејачот.

Јордан Митев рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар. „Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.

Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика. Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.

еден од најдобрите и најбараните музичари на македонската фолк сцена и во дијаспората, во една прилика раскажа како му било на неговите почетоци, кога почнал да го создава своето име.

– Во првите години од мојата кариера бев возбуден на секој нов настап во дијаспората, бидејќи секое ново патување за мене значеше отварање на нов свет,нови луѓе. Но со текот на годините, еве ова веќе е 13-та година од мојата активна кариера , тие настапи станаа за мене нешто најнормално.

На некој начин станаа секојдневие, а разликите помеѓу дома и надвор прилично се избалансираа и изедначија.По многу патувања, за мене сега веќе не е важно каде ќе пеам туку ми е најважно како е организирано,во каква сала,со колку гости и сите професионални нишани за еден музички професионалец.

Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака. Од една страна многу јак , но од друга многу слаб.

Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика.Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат.

Доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи. Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест.

Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот.

Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував. Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.И така се роди првата мисла.

Пак сум со вас вечерва да ви запеам,радоста и тагата да ја опеам,сите што сте дојдени ве поздравувам и со чаша крената ви наздравувам! Ајде сега станете”…..песната ја напишав и веднаш знаев дека е хит.

Во средата влегов во студиото, работев цела вечер, а во четврток претпладне комплетно ја затворив песната и ја предадов на фестивалот. Во петок излегов на бина, публиката стана нозе и зедов награда“, раслажа тој за Радар.мк

Јордан завчера пеел во Охтид, поотчно во селото Коњско. А, кога тој пее сите се на нозе, исто како што вели една негова позната песна- Ајде сите на нозе.

Па на сликите кои тој ги објави на својот официјалне Фејсбук профил, може да се види дека било- игла не може да се фрли!

Јордан пеел ама и како мулти интструменталист свирел и гајда. И сите веднаш забправиле на сите проблеми кои ги имаме со растот на бројот на заболени, со Францускиот предлог…

Јордан се вмшела меѓу народот и запеал заедно со нив, а оние побрзите, си фатиле место на терасите над него, и гледале се како од ложа. Ретко кој може на овој начин да го обедини народот, и затоа секоја чест.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img