Wednesday, August 17, 2022
HomeСветПравеше оргии, објавуваше скандалозни фотографии, а сега се оженил? „Кралот на Инстаграм“...

Правеше оргии, објавуваше скандалозни фотографии, а сега се оженил? „Кралот на Инстаграм“ повторно ги шокираше сите

Австралискиот плејбој, попознат како „Кралот на Инстаграм“, објави фотографија со мистериозна убавица и ги изненади своите фанови. Ден Билзериан (41), кој се прослави по дивиот и луксузен начин на живот, објави фотографија за која многумина веруваат дека е направена на неговата свадба.

На фотографијата е во одело, додека го придружува жена со букет во рака. „Конечно го направив тоа“, пишува во описот на фотографијата.

Се чини дека парот оди кон олтарот додека околу нив има бели цветови и сè изгледа како свадбена церемонија, пренесува „Ladbible“.

Она што е сигурно е дека „кралот на Инстаграм“ успеа да ги збуни своите обожаватели кои не се сигурни дали конечно се скрасил.

Како што се испоставило на крајот, фотографијата е направена на свадбата на неговиот пријател Бил Перкинс. Така што, озлогласениот Ден направил лажна узбуна.

Досега на својот профил објавуваше фотографии со бројни девојки, луксузен живот и луда забава, поради што на многумина им е тешко да поверуваат дека се оженил.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img