Wednesday, August 17, 2022
HomeСпортНа повидок изненадувачки пресврт: Дали Роналдо ќе стане новиот Марадона?

На повидок изненадувачки пресврт: Дали Роналдо ќе стане новиот Марадона?

Италијанските медиуми пренесуваат дека агентот на Кристијано Роналдо го понудил својот клиент на Наполи, а тоа претседателот на овој клуб го примил со воодушевување.

„Роналдо може да биде нашиот Марадона“, вака Аурелио Де Лаурентис ги комрентирал гласините за доаѓањето на португалскиот ас во редовите на Наполи, пренесува шпански AS. Оваа изјава денеска одекна во сите италијански медиуми, а е мало изненадивање што доаѓа од Шпанија.

Веќе е јасно дека Роналдо нема никаква намера да остане во Манчестер Јунајтед бидејќи клубот не е дел од европската елита. Откако бројни клубови одбија да го потпишат, како Баерн, Интер, ПСЖ, Челси, Атлетико… на Португалецот му остануваат сѐ помалку и помалку опции. Понудата да дојде во Рома кај Жозе Мурињо му е на маса, но Рома не игра во Лигата на шампионите, поради што овој трансфер нема теорија да се случи.

Но, сега во игра изненадувачки влета Наполи. Тоа се случило откако неговиот агент Жорже Мендеш го вклучил и Наполи во клубовите на кои им го понудил Роналдо. Останува мистерија кои се останатите клубови на кои им е понуден овој фудбалски виртуоз.

Манчестер Јунајтед е согласен да го пушти Роналдо на позајмица во друг клуб, но проблем е платата на Роналдо која Манчестер нема намера да ја плаќа ниту процент. Таа гласи 8 милиони евра по сезона, што Наполи не може да си ги дозволи за еден играч, па макар тоа бил и Роналдо, кој патем веќе има 37 години.

Со оглед на тоа што Португалецот има сѐ помалку опции, најверојатно ќе се согласи на помала плата само за да не ја прекине речиси дведецениската низа на играње во Лигата на шампионите. Претстојнава сезона 2022/2023 треба да биде негова 20-та во Лигата на шампионите, каде без прекин игра од сезоната 2003/2004, која му беше прва по доаѓањето во Манчестер Јунајтед на сер Алекс Фергусон.

AS пишува дека Де Лаурентис и агентот Мендеш имаат одлични односи, и дека Роналдо ќе се согласи на 30% помала плата само за да го облече дресот на клубот од под Везув.

Пристигнувањето на Роналдо во Наполи дефинитивно ќе биде како она на Диего Марадона кога во далечната 1984 година дојде од редовите на Барселона. Марадона тогаш имаше 23 години, Роналдо сега има 37, но и натаму е голема ѕвезда, па споредбата со Марадона е исправна.

Доколку овој трансфер се оствари, Роналдо би станал соиграч со нашиот Елиф Елмас, кој ги брани боите токму на Наполи.

 

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img