Wednesday, August 17, 2022
HomeСветНов голем yдар за светот – војната во Украина паѓа во втор...

Нов голем yдар за светот – војната во Украина паѓа во втор план! Нуклеарната сила пред амбис!

Пакистан, земја со 242 милиони жители, која ја има шестата по големина воена сила во светот и нуклеарна сила, е пред банкрот, а последиците од тоа би ги почувствувал целиот свет. Земја со 242 милиони жители, како Германија, Франција, Италија и Шпанија заедно, е на работ на банкрот, а тоа е Пакистан. Ја има шестата по големина војска на планетата и значаен нуклеарен арсенал и до неодамна важеше за еден од оние пазари во развој кои беа мотори на глобален раст. Земја која отсекогаш имала проблеми со сиромаштијата, корупцијата, тероризмот и неписменоста, успеа економски да ја зајакне и издигне средната класа во своето општество. Пакистанската валута штотуку ја имаше најлошата недела во последните дваесет години. За само 7 дена „рупијата“ пропадна за цели 7 отсто во однос на доларот, што во светот на валутни промени е како разорен ураган. Треба да се запомни дека уште во мај поради лошата надворешна политика, Шри Ланка банкротираше, во која поради демонстрации беше воведена вонредна состојба. Големината на Пакистан, како и неговата стратешка позиција, се такви што последиците од неговиот банкрот би можеле да бидат исклучително тешки не само во однос на другите „пазари во развој“, туку и на глобалната безбедност. Пакистан има традиција на политичка нестабилност, тој е етнички и јазично многу разновиден, а според експертите застрашувачки е да се замисли зголемување на тензиите во таа земја во случај банкротот да доведе до влошување на стандардите. Девизните резерви на Пакистан паднаа од 16 милијарди долари на 10 милијарди долари оваа година, што е еквивалентно на едномесечни обврски. Освен со девалвација, Пакистан е оптоварен и со инфлација. Поради проблеми со ликвидноста ги откажаа субвенциите за енергија, што доведе до силен раст на цените. Како и поголемиот дел од светот, Пакистан е под притисок од општиот тренд на пораст на цените од почетокот на војната во Украина. Аналитичарите веќе предупредуваат на растечка политичка нестабилност.

 

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img