Friday, August 19, 2022
HomeЗдравјеЦРН ДРОБ КАКО НОВ: Домашен сок кој се пие седум дена, а...

ЦРН ДРОБ КАКО НОВ: Домашен сок кој се пие седум дена, а дава многу успешни резултати

Овој домашен сок се приготвува многу едноставно, вкусен е, а кога станува збор за обнова и чистење на црниот дроб, е еден меѓу најдобрите. Ваква peгенepaција на функцијата на црниот дроб особено се препорачува после некоја антибиотска терапија или земање на некои други лекови кои се метаболираат во црниот дроб. Секако и овој домешан, лековит сок може да се зема и при други заболувања и состојби поврзани со црниот дроб, за зајакнување на имунитетот, прочистување на крвта и чистење на кожата. Сокот се зема седум дена. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една рака суво грозје (1/3 чаша), сок од еден лимон, една чаша рендано цвекло (околу една поголема главица) и две чаши вода. Односот помеѓу сувото грозје и цвеклото е 1:3, а на една чаша цвекло одат две чаши вода.

ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете ја водата да зоврие. Цвеклото измијте го со ладна вода, излупете го па изрендајте го. Измерете ги количините. Во зовриената вода ставете (една третина чаша) суво грозје и (една чаша) рендано цвекло. Оставете повторно да зоврие течноста, а потоа веднаш исклучете го шпоретот. Поклопете со капак и оставете да отстои 45-60 минути. Потоа изладената смеса префрлете ја во блендер. Измиксајте добро неколку минути додека целата смесата да се изедначи, а потоа додајте и сок од еден свежо исцеден лимон. Добро промешајте, а потоа по желба, сокот можете да го процедите низ газа. Добро истискајте за да добиете што повеќе сок. Вашиот домашен, лековит сок е подготвен. Складирајте го во чисто, претходно стерилизирано стаклоно шише и чувајте го во фрижидер.

УПОТРЕБА: По 150 мл двапати дневно, еднаш наутро на празен стомак и втор пат пред вечера. Се користи во текот на 7-10 дена, а потоа се прави пауза од две седмици. по потреба може да се повтори.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img