Friday, August 19, 2022
HomeПопуларноМакедонските иселеници во Австралија и другите делови на светот бараат Владата на...

Македонските иселеници во Австралија и другите делови на светот бараат Владата на Македонија и премиерот Ковачевски да престанат со уништувањето на македонската нација и јазик во татковината.

„Коалициската Влада на Македонија е составена од терористи и улични криминалци, кои не ги бранат националните интереси на македонскиот народ, туку ги уништуваат него и македонската државност. Бараме да се прекинат какви и било договарања со Бугарија и Европската заедница и да се прејде кон заштита на македонскиот јазик и култура во Република Македонија и поробените делови на Македонија.“ – се вели во Резолуцијата, што ја донесоа вчера членовите на Литературното друштво ‘Григор Прличев’ од Сиднеј и Македонците од Австралија и македонското иселеништво во светот. Резолуцијата ја пренесува весникот „Нова Македонија“ во статијата со наслов „Илинден е нашето минато, сегашност и иднина“.

Весникот пишува: „Вчера, на 29 јули, Литературното друштво ‘Григор Прличев’ од Сиднеј, Австралија, преку поезија посветена на Илинден и Македонија пригодно ја одбележа 119 годишнината од Илинденското востание и 78 годишнината од АСНОМ. Членовите на Друштвото ја искажаа љубовта кон Македонија и кон сето она што се има постигнато со Илинденците, кои го дадоа животот да се формира Република Македонија, за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик и нација.“

„Беше одржана расправа за сето она што се случува во Македонија, посебно за барањата на фашистичка Бугарија и предавничката политика на владејачката СДСМ, која им подлегнува на француските барања и уцени за промена на уставот, бришење на македонската историја, јазик и идентитет, со што им се потпишува смртната казна за Македонците и Македонија.“

„Присутните посебно ја осудија владата на Република Македонија предводена од премиерот Ковачевски, кој ја манипулира и ја потценува македонската јавност и ги одобрува нацистичките тенденции на Европската заедница. Со тоа уште еднаш се покажа дека СДСМ во коалиција со ДУИ се најголемите непријатели на македонскиот народ.“

„Во Австралија на минатогодишниот попис се декларираа повеќе од 111 илјади Македонци. Уште толку има во Америка и Канада и многу повеќе во западна Европа. Надвор од Македонија дејствуваат повеќе од 80 црковни општини и стотина други спортски клубови, асоцијации и друштва. Владата на Македонија и премиерот Ковачевски не направија ни најмал обид да стапат во контакт со нив, да се консултираатсо нив, да ги слушнате нивното мислење и сугестии. Од нивните потези се гледа дека целосно ги заборавија Македонците во Егејскиот, Пиринскиот и Преспанскиот дел на Македонија. Тие Македонци таму немаат никакви човекови права. Ним им се забранети јазикот и културата, а историјата им е уништена“.

„На крајот од средбата присутните донесоа резолуција, во која уште се наведува: ‘Ние, членовите на Литературното друштво ‘Григор Прличев’ од Сиднеј и Македонците од Австралија и иселеништвото остро ја осудуваме Владата на Република Македонија која е на пат кон уништување на македонската државност и нација. Владата на Република Македонија им подлегнува на повампирените фашистички влади, од оние истите држави кои ја распарчија Македонија, со надеж дека Македонија ќе биде примена во некаква европска заедница.“

„Ништо нема да се постигне со менување на уставот, заради задоволување апетитите на фашистичка Бугарија. Сите вакви потези водат кон целосно уништување на македонската нација и држава. Менувањето на Уставот и спроведувањето на предавничките договори ќе имаат негативни и застрашувачки последици за Македонија, бидејќи со ваквите измени се распродаваат идентитетот, историјата, јазикот и државата.“

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img