Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаБорче Нечовски ја чепна „Мерак Меана“, кажа на кое дереџе се пејачите...

Борче Нечовски ја чепна „Мерак Меана“, кажа на кое дереџе се пејачите и раскажа приказна за Есма

Познатиот текстописец Борче Нечовски, кој напиша многу познати метраклиски песни, а меѓу нив е и „Не кани ме“ на Миле Кузмановски, гостуваше во емисијата „Магазин“, на ТВ Сител. Нечовски сосема отворено зборуваше каква е состојбата во музиката кај нас, за свадбите, за настапите, а ја „чепна“ и популарната емисија „Мерак меана“. Зборуваше и за тоа дека оди во познатите продукции “Гранд“ и “Пајнер“, за да види каква е состојбата таму, кај нашите соседи од Бугарија и од Србија.

-Сработев неколку песни со некои пријатели, соработници, за којшто мислам дека ќе најдат место понатаму во етерот.

Но, сепак ќе речам дека не сум задоволен од бројот на работата, од бројот на песните, како и всушност сите. Гледате, не се случува ништо, не се твори. И вие медиумите, според мене, не ги промовирате доволно македонските песни, ама да се надеваме дека ќе биде подобро“, рече Нечовски.

-Критиката е добронамерна, вашата телевивизија е лидер со промовирање на македонската песна со емисијата „Мерак меана“, но повеќе би сакал критиката да ја слушнат другите телевизии, и радија“, истакна Нечовски. Тој рече дека ја имал таа среќа од самите почетоци да соработува со Наум Петрески и со Есма Реџепова, но и со многу други врвни пејачи. „Сум соработувал со Цакан, со Преслава од Бугарија. Но, македонската песна заслужува да биде претставена на повисоко ниво“, додаде тој. Нечовски раскажа дека напишал повеќе од 1500 песни, но е самокритичен. „Сабајле кога ќе станам, кога ќе видам дека сум напишал некоја глупост, ја фрлам во ѓубре“, рече тој. Потоа зборуваше за Есма Реџепова.

-Есма беше многу широка душа, 24 саати за песна да разговараш, можеш да разговараш со неа. Имаше голема довреба со мене. Иако беше во зрели години, сакав да напишеме песни кои што ќе останат, и како љубовни песни, и како животни песни. Така и се случи „Чекај животе“, таа ѝ даде големо внимание. Иако обратно мислеше, таа претпочиташе љубовни песни повеќе, но кога ја направивме „Чекај животе“, знаеше да каже: Браво мило, е ова е тоа!

Бевме кај Саша Поповиќ со Симеон и со Есма, и тој ѝ предложи таа песна да ја примовира во Србија, и та песна успеа таму“, се сети Борче на Есма. Потоа, тој зборуваше и за песната „Не кани ме“, на Миле Кузмановски. „Не секогаш сите песни имаат вистински приказни. Некои песни имаат своја имагинација, чиста инспирација. „Не кани ме“ веќе се обнароди, и веќе заборавив како дошла. Не можам да кажам дека нешто се случило, некоја приказна, немало ништо посебно, таа песна се обнароди“, рече Борче Нечовски. Тој е татко на Борис од групата „Дупер“ и трече дека го поддржува својот син. Рече дека неговата ќерка Павлина не се занимава со музика, таа е талентирана за слушање и е поддршка на својот брат. Нечовски ја искоментира состојбата во музиката кај нас и одговори на прашањето на кое ниво е естрадата.

-Ние не сме на ниво за пофалба. Ми недостасува професионализам, премногу импровизации имаме, авторски сме многу боси, за разлика од регионот. Да не зборуваме за Србија, Грција, Бугарија не ме интересира, не го почитувам тој пазар, се заснева на сосема друго. Ние сме точно таму каде што треба да бидеме, а тоа е никаде. Нашата естрада е на многу ниско ниво. Немаме ниту една продуцентска куќа. Ние немаме среденост во нашата држава за да се знае, лиценцирани пејачи, лиценцирани групи за да пеат или да настапуваат било каде, мораш да имаш лиценца. Тој систем кај нас не постои. Кај нас се уште постои системот, лична покана на свадба, лична покана на кршетвка, лична покана на вечерна свирка, кеш и тие работи. Затоа, постои во светот систем, и оваа држава мора да го направи тој систем. Пазарот си изискува квалитет. Квалиетот ќе биде добро платен, неквалитетот недобро, и ќе има градација. Штом нема градација, кај нас е и првата и втората, и третата и четвртата во едно купче. Истото се случува и во „Мерак меана“. Секаде се случува истото, и прва и четврта лига на едно купче. Тоа никаде го нема, само овде. Пријателска база. А, пријател ми е Борче, па нема проблем…Извинете што вака звучам, но ова е правата слика“, рече Нечовски.

-Јас шетам одам често во Гранд, одам и во Пајнер, тие се куќи со многу големи буџети, со многу големи идеи и веќе го поставиле темелот, и сега градат: први, втори, трети спрат… Ние немаме темел, е на тоа дереџе сме“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img