Friday, August 19, 2022
HomeБалканВУЧИЌ ИЗЈАВИ: ЌЕ ПОЧНЕМЕ АКЦИЈА ВО ПРИШТИНА УШТЕ ДЕНЕС – СРБИТЕ НЕ...

ВУЧИЌ ИЗЈАВИ: ЌЕ ПОЧНЕМЕ АКЦИЈА ВО ПРИШТИНА УШТЕ ДЕНЕС – СРБИТЕ НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ ДА ТРПАТ ПРОГОН

Вучиќ рече дека акцијата на Приштина треба да започне вечерва на полноќ, а Србите треба да се натераат да се откажат од рeгистaрските таблички на Косово.

„Некои би рекле дека тоа не треба да предизвикува никаков проблем. Албанците се обединети и се повикуваат на договорот што го потпишаа Борко Стефановиќ и Едита Тахири“, рече тој.

„Јасно е дека тоа не смее да важи за Србите од Косово и Метохија. Албанците сакаат да искористат и да кажат, тоа е реципроцитет, ние имаме право со Уставот на Косово“, рече Вучиќ.

Не сакаме конфликти и војна, додаде претседателот. Тој потсети дека Приштина во 2020 година доброволно и самоволно ги укина табличките КС.

„Што сака Приштина, сака да каже дека нема таблички КС, да каже – ние сме суверена држава и затоа ги укинуваме табличките КС и нема да дозволиме таблички КМ, за никој никогаш да не помисли дека на Косово има остатоци од друга држава“, изјави Вучиќ.

-Не сакаме конфликти и не сакаме војна, сакаме само мир и почитување на се што е потпишано. Ги молам и Албанците и Србите да го зачуваат мирот и да разговараат, но исто така барам од претставниците на моќните и големите земји кои ја признаа независноста на Косово да го земат предвид меѓународното право и реалноста на терен и да не дозволат да дојде до конфликт. Ова не е земја што предизвикува конфликти, ова не е земја што сака конфликт, но ова не е исто така земја што лесно ќе ја освоите. Ќе се молиме за мир и ќе бараме мир, но веднаш да ви кажам – нема да има предавање и Србија ќе победи, изјави Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

 

 

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img