Friday, August 19, 2022
HomeМакедонијаОливера, жената која неуморно помага на многу семејства, реши да земе здив...

Оливера, жената која неуморно помага на многу семејства, реши да земе здив на море во соседството

Оливера Петрушевска, уредник и водител на емисијата „Срце на дланка“ е една од најшармантните наши водителки. Од една страна позитивна и ентузијастична, а од друга емпатична и жалостива спрема другите луѓе.

Во една прилика Оливера јавно се обрати и порача дека е презадоволна од хуманоста и емпатичноста на нашиот народ, народ кој покажува дека има срце и знае да помогне ако некому му е потребна помош.

„Со право можам да кажам дека сме најхуманиот народ. Ми се смирува душата кога ќе погледнам колку сме сложни, обединети. Наспроти сите случувања кај нас, убави и помалку убави. Во емисијата се пријавуваат луѓе, поединци, семејства, многудетни фамилии, жртви на семејно нас-илство. Лица на кои им е потребна помош за лекување во странство, луѓе на кои им треба покрив над главата. Ако можеме да помогнеме, во ред, ако не, да не одмагаме на луѓето на кои и онака им е тежок животот. Зашто, да се биде без пари е минлива состојба: да се биде сиромашен е состојба на духот!“ Кога ќе сум видела некоја тажна сторија на вести или на интернет со денови не сум можела да спијам. Никогаш не претпоставував дека некогаш ќе водам проект со кој ќе ги менувам на подобро човечките животи, изјави Оливера во една прилика за Женски Магазин.

Неодамна заврши втората сезона на „Срце на дланка“, па и водителката реши да земе малку здив и да собере си ли за снимањето на наредната сезона. Оваа година летниот одмор го минува на Јонско Море во познатите летувалишта Врахос и Парга. По тој повод се огласи на Фејсбук и напиша:

„Втората сезона на емисијата “Срце на дланка” опфати над 80 семејства. На многу од нив многу помогнато и пресреќна сум. Наскоро, документирано ќе погледнете колку и каде најмногу помогнавте и кои приказни најмногу ве трогнаа. За сите што ме прашувате за трета сезона?! Да, ќе има.. Со многу новитети и изненадувања. Сега малку се исклучувам. Чисто да земам воздух и повратам силата зашто батеријата ми е на црвено, а, телото “bu rn out”. Турција ми е омилена земја..Но, од приватни причини годинава морав да се одлучам за Јонско море. Не жалам.. Преубаво е… Одморете сите. Правете убави работи зашто ситниците го прават животот убав. На пример, како чаша сино вино покрај кристално чистото море.“

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img