Friday, August 19, 2022
HomeСветУкраина, Тајван…и тоа не е крај! Се заканува уште една војна: Беспилотни...

Украина, Тајван…и тоа не е крај! Се заканува уште една војна: Беспилотни летала и минофрлачи го пpекршија договорот, нападнат Азербејџан?

Лидерот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Араик Харутјуњан најави делумна мобилизација поради наглото влошување на ситуацијата во регионот! Лидерот на непризнатата република Нагорно-Карабах, Араик Арутјуњан најави делумна мобилизација поради влошувањето на ситуацијата во регионот, соопшти неговата прес-служба. Во него се наведува дека Азербејџан го прекршил договорот потпишан минатата година. Арутјуњан го потпиша указот со кој беше најавена делумна воена мобилизација во републиката на 3 август 2022 година“, се наведува во соопштението. Министерството за одбрана на Нагорно Карабах претходно соопшти дека двајца војници на Карабах загинале во напад на азербејџанската армија, а 14 се повредени. „На 3 август, во 9:00 часот, единиците на вооружените сили на Азербејџан, грубо кршејќи го режимот за прекин на огнот, со минофрлачи и беспилотни летала ги нападнаа борбените позиции на армијата Карабах и базата на една од воените единици“, соопшти службата на Министерството за одбрана на непризнатата република. Од друга страна, официјален Баку го обвини воено-политичкото раководство на Ерменија за cмртта на азербејџански војник во Карабах.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img