Friday, August 19, 2022
HomeЕстрадаЛамбе го запали родното Љyбојно, ама овој пат со нашата најзгодна пејачка...

Ламбе го запали родното Љyбојно, ама овој пат со нашата најзгодна пејачка (ФОТО)

Нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски кој неодамна се врати од Америка и сега живее во Битола, е инаку родум од преспанското село Љубојно и во една прилика тој раскажа за свопто детство, во Попара.мк – Моето основно образование го завршив во ОУ “Димитар Влахов”, во село Љубојно, тоа училиште е осмолетка и мислам дека и во градовите нема толку софистицирано училиште. Добро тоа е релативно за секое дете, во глобала бев мирно дете. Секогаш имаше некои моменти каде што запаѓав во мали неволји, кои на крај завршуваа добро. Патронатот на основното училиште каде што јас завршив е на 7-ми Април, се сеќавам дека на тој ден се организираа фудбалски натпревари во кои учествуваме ние учениците. Имавме многу подготовки со нашиот наставник по физичко и со нетрпение се чекаше само денот. Се сеќавам утрото на 7-ми Април кога се разбудив имаше толку многу снег што сите бевме изненадени, за жал пропаднаа и закажаните натпревари. Најискрено пораснав слушајќи плочи и касети, најчесто ги слушав “Beatles”, “Здравко Чолиќ”, “Бело Дугме”… но, како мој најголем пејач бил и останал нашиот ангел и голем човек Тоше Проески. Мислам дека човек не може да ги заборави првите симпатии и глупирањето за да се дојде барем до еден бакнеж во образ. Јас се сеќавам на мојата симпатија и ден денес сум во контакт со неа. По завршувањето на средното музичко образование се запишав на Еуро колеџот во Куманово, каде ги завршив студиите. Завршив бизнис администрација, нешто без многу уметност и сенс. Но, никогаш не запре желбата да се запишам на Музичка академија. За мене никогаш не е доцна за работите, потребно е само да постои љубов и желба, тоа е доволно за да се почне“, рече Ламбе. Пред да се врати од Америка, минатата лето, тој зборуваше за животот во Амеерика, додека беше таму. „Тука луѓето навистина немаат време и многу работат. Можеби сега со пандемијата повеќето работат од дома па фала му на Бога ете им можност да се со ближните почесто, инаку не е така! Стекнав нови познанства и пријатели и многу научив од престојот тука. Во оваа земја живеат буквално луѓе од целиот свет па има што да се види и да се научи, различностите се ценат и се почитуваат. Многу е поразлично од кај нас и од Балканот, но би сакал и така различно да остане бидејќи тоа е и убавината во различниот менталитет и во културите. Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. Препреки секогаш има но треба да се поминат и да се надминат заедно. Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално , ретко излегуваме но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели. Најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби. Често знаеме да запееме и да засвириме исто така“, рече во Женски магазин Ламбе. Откако се врати дома, цели 17 години по триумфот на M2 Play Проект потрага по ѕвезда и по 7 години пауза од музика, тој одлучи да објави нова песна. Ламбе, кој пер иодов беше среде низа скандали, сега ја промовираше својата песна „На чекор од брегот“, која е дело на Александар Тарабунов, а текстот е на Зоран Стојановски Зонде. За големиот празник Илинден, Ламбе беше во свпето родно Љубојно, и таму објавуваше снимки од прославата во родното село која се одвивала со традицинална музика, а Ламбе гордо го покажа својот крај. Но, на една слика е со нашата најгозда пејачка од фолк музиката, а тоа е Сања Сани Гриздановска, која на добронамерен начин се пошегувала со Ламбе кој пред извесно време ја запали вратата во бугарскиот културен центар Иван Михајлов во Битола. Сани, згодна како и секогаш, се сликала со Ламбе и напишала: Го палиме Љубојно, а Ламбе го споделил ова стори.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img