Friday, August 19, 2022
HomeСветЗошто Кина и Тајван се во конфликт и што ако дојде до...

Зошто Кина и Тајван се во конфликт и што ако дојде до војна: Потег што би го чинел светот 1,5 трилиони долари

Ако Кина се одлучи за воена интервенција и се обиде да го „врати“ Тајван под своја управа, тоа секако ќе ја запре целата технолошка индустрија во Соединетите Американски Држави, Европската Унија, како и во целиот свет. Војната во Украина трае повеќе од пет месеци, коронавирусот повторно се заканува со нов вид, а тензиите во светот само растат поради постоечката криза и инфлацијата. Кина и Тајван со години се расправаат околу територијалните спорови – Кина тврди дека Тајван и припаѓа, додека Тајван го смета за независна земја. Тензиите меѓу Кина и Тајван моментално се на врвот бидејќи Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на САД, слета во Тајпеј, и покрај силното противење на кинеските власти, предводени од претседателот Си Џинпинг. Пензионираниот американски адмирал Џејмс Ставридис пред десет години предупреди за ситуацијата во Јужното Кинеско Море и околу Тајван, наведувајќи дека таму во иднина може да има големи конфликти. Хенри Кисинџер, поранешниот државен секретар на САД, смета дека Кина веќе неколку децении го смета Тајван за своја територија, но дека нема да оди толку далеку што ќе изврши воена инвазија бидејќи тоа би влијаело на економијата, падот на извозот, а тоа би бил огромен економски yдар. Според експертите, има многу сличности меѓу Украина и Тајван. Двете земји некогаш биле дел од поголема државна унија, двете земји имаат население кое културно и историски дели голем број заеднички „особини“, и двете земји сакаат целосна независност од нивниот таканаречен „постар брат“. Затоа, интеграција во Западните воено-политички структури, Европската унија во случајот со Украина, како и директното партнерство со Соединетите Американски Држави во случајот со Тајван. Исто така, од распадот на СССР, Русија ја смета Украина (како и Белорусија , Молдавија и Грузија) нејзината „легитимна сфера на влијание“.

- Advertisment -spot_img

Популарно

spot_img
- Реклама -spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама - spot_img
- Реклама -spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img