(ВИДЕО): МЛАДИОТ МАКЕДОНЕЦ ОД АВСТРАЛИЈА ги совладува Австралијаните со неговите музички дела

Петар Јованов е роден во Битола во 1986 година..

На цедум годишна возраст заедно со неговите родители се преселил во Сиднеј, Австралија.

Желбата за музика се родила некаде на единаесетгодишна возраст и со тоа започнал да свири клавир и кларинет. Професори му биле Искра Божиновска, поранешен директор на Операта во Скопје и Томе Јованов (Темсо) виртуоз на гитара и познат уметник во Македонија, Автралија и пошироко.

"Музиката што ја изучував со моите професори беше класична музика од времето на Моцарт и Бетовен. Потоа во 2005 година ме примија на факултетот во Западен Сиднеј, смер музика. Во 2009 година ги завршив додипломските студии на факултетот за музика, отсек композиција. Така да истата година бев примен на постдипломскиот факултет кој го завршив во 2014 година и дипломирав како Доктор на Креативни уметности" - вели Петар.

Овој талентиран македонец секој ден се повеќе и повеќе ги совладува австралјанците со неговите музички дела. Неговиот персонален музичко композиторски стил го искажува преку повеќе дела со кои ја воодушевува неговата публика.
Неодамна се направи "short film" за градот Скопје, а тој ја направи музиката.

Извор - Естрадаплус


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top