Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во саботата се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг со цел да се намалат тензиите предизвикани од новите конфликти околу сајбер криминалот, трговијата, Тајван и Русија, пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
„Целта на Кина за стабилни, здрави и одржливи кинеско-американски односи останува непроменета. Кина е подготвена да работи со новата американска администрација за одржување на комуникацијата, проширување на соработката и управување со разликите“, порача Кси по американските избори, признавајќи ги „подемите и падовите“ во односите меѓу земјите.
Бајден му рекол на кинескиот претседател дека двајцата челници не секогаш се согласувале, но дека нивните разговори биле „отворени“ и „чесни“.
Вашингтон е бесен од неодамнешното хакирање на телефонските комуникации на американските владини и функционери во претседателските кампањата поврзано со Кина и е загрижен поради зголемениот притисок на Пекинг врз Тајван и поддршката на Кина за Русија додека Москва води војна во Украина.
Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те планира чувствителна посета на американската сојузна држава Хаваи и можеби и на американската воена база на островот Гуам, што сигурно ќе го налути Пекинг следните седмици, објави во петокот Reuters. Во меѓувреме, Бајден се состана со поранешниот тајвански министер за економија Лин Хсин-и, претставник на земјата на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) во Перу, кој во петокот го покани да го посети Тајван во блиска иднина.
Кина го смета Тајван за своја одментата покраина. САД, кои пред повеќе децении во обидите за продобивање на Пекинг на своја страна во глобалниот ривалитет со тогашниот Советски сојуз, се согласни на политиката „една Кина“, но последните години го истакнуваат својот статус на најважниот меѓународен сојузник на Тајван и снабдувач со оружје, и покрај тоа што се откажаа од официјално дипломатско признавање, но со посетите на највисоките американски функционери на Тајпеј го разгневија кинеското водство.
Бајден, исто така, сака помош од Кина за влијание врз Северна Кореја, чиишто продлабочување на врските со Русија и наводното и никогаш досега недокажано распоредувањето на севернокорејски воени трупи на руска територија, исто така, го загрижија Вашингтон.
Во исто време, кинеската економија чувствува силен притисок од трговските потези на Бајден, кои вклучуваат план за ограничување на американските инвестиции во кинеската вештачка интелигенција, квантната компјутеристика и полупроводниците, како и извозни ограничувања на водечките компјутерски чипови.
Кина постојано ги негираше американските наводи за хакирање, го смета Тајван за внатрешен проблем и протестира против американските изјави за кинеско-руската трговија. Портпаролот на кинеската амбасада одби да коментира.
Паушални царини
Трамп вети дека ќе усвои рамни царини од 60 отсто за американскиот увоз на кинески стоки како дел од пакетот трговски мерки „Америка на прво место“. Пекинг се противи на овие чекори.
Новоизбраниот американски републикански претседател, исто така, планира да вклучи неколку гласни противници на Кина во неговиот кабинет, вклучувајќи го и американскиот сенатор Марко Рубио како државен секретар и поранешниот офицер на специјалните сили Мајк Волц како советник за национална безбедност.
Во средата, советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливан, ја опиша транзицијата како „време кога конкурентите и противниците можат да видат можност“. Бајден ја истакна со Кси „потребата да се одржи стабилноста, јасноста и предвидливоста во текот на оваа транзиција меѓу САД и Кина“.
Научникот за меѓународни односи Шен Дингли рече дека Кина се надева дека состанокот ќе ги намали тензиите за време на периодот на транзиција. „Кина дефинитивно не сака да се нарушат односите со САД пред Трамп официјално да ја преземе функцијата“, рече Шен.
Лидерите на земјите од Тихиот Океан собрани на самитот на APEC ги проценуваат импликациите од враќањето на Трамп на власт како претседател на САД, на 20-ти јануари.
Кси планира еднонеделно дипломатско патување низ Латинска Америка што вклучува обновен договор за слободна трговија со Перу, свечено отворање на главното пристаниште Чанкај во земјата и државна посета на бразилската престолнина следната недела. Кина, исто така, објави дека планира да биде домаќин на самитот на APEC во 2026 година.
Кина сака латиноамерикански метални руди, соја и други стоки, но американските власти се загрижени дека може да побара и нови воени и разузнавачки пунктови во близина на САД. Кинеските државни медиуми обвиненијата ги нарекоа клевета.
Американски функционер вели дека посветеноста на Вашингтон кон регионот е силна и дека кинеските инфраструктурни инвестиции во странство се намалени во последниве години поради домашните предизвици и проблемите со проектот.