14.8 C
Skopje
17.7 C
Melbourne
недела, 30 март, 2025
0
Дома Македонија Македонија завиена во црно - Трагедија која го потресе светот

Македонија завиена во црно – Трагедија која го потресе светот

Пишува: Никола Ставрески, Мелбурн – Австралија

Македонија завиена во црно. Срцата на 59 млади животи згаснаа преку ноќ во огнената стихија што ја зафати дискотеката Пулс во Кочани. Тагата и болката се огромни како во Македонија така и овде во Австралија. Плачот и лекот на родителите кои ги изгубија своите чеда допре до секој еден Македонец во Австралија и скоро сите ги расплака. Сите светски медиуми јавуваат за немилиот настан.

Е сега доаѓа она најважното кој е виновен? – зошто се случи ова? – како се случи? Прашања многу, а одговор еден – Системот. Потфрли системот во Македонија. 33 години Македонскиот народ се бори со корумпираните власти кои само си ги менуваат улогите и го урнисуваат системот водејќи го од лошо кон полошо. И како и секогаш така и овојпат почнува префрлувањето на топката за вина  од еден на друг и на крајот се останува нерасчистени и неказнето пред лицето на правдата.

Фактите се тука 59 мртви и над 150 кои се борат за живот, малолетници во 3 часот по полноќ во дискотека, слушнавме од Премиерот дека имало и недозволени средства веројатно се мисли на дрога, не поседување дозвола за работа на истоимениот објект или фалсификувани дозволи како што слушнавме од изјавите на Министерот,а виновник уште нема.

Наводно истрагата е во тек, новинарите се молат да молчат да не шпекулираат затоа што започнува играта со префрлање на вината од еден на друг добро позната игра во која правилата се исти само играчите се менуваат.

33 години сите ни се виновни за нашите падови и неуспеси како држава почнувајќи од соседите се до западот, а без соседите Македонија нема капацитет да прими и да се погрижи за 150 повредени со изгореници.

Секоја чест на Србија, Грција и Бугарија кои ги понудија своите болници за помош па дури и испратија доктори на помош во Македонија дека нашите доктори или си заминаа од државата неможејќи да го издржат системот или дел од оние кои останаа се со купени дипломи од системот па не се во состојба на готовност д им помогнат на загрозените.

Бугарија понуди хеликоптери за пренос на повредените во специјализирани болници за такви повреди во Варна и Пловдив, Грчката полиција им го обезбедувал патот на болничките возила до болницата во Солун.

Секоја чест за укажаната солидарност но ќе речам и спремност. Со тоа покажавме дека ние не сме спремни за ништо освен за гола политика, мито и корупција и ефтини политички игри. Болниците се распаѓаат, немаат ни основни средства од типот на чаршави, физиолошки раствори, завои.

Со тоа покажавме дека сме под дното, дека не само безбедноста но и здравството е потонати под калта која ни ја натрупаа политичките гарнитури кои само се борат кој повеќе да украде и да го изнесе украденото надвор од Македонија.

Совеста ќе ги јаде сите оние кој направиле грев во оваа трагедија без разлика дали е сопственикот на дискотеката, полицијата која ги затворила вратите за проверка на недозволени супстанции, обезбедувањето, тие кои со лажни документи докажувале дека дискотеката легално работи, менаџерот кој го договорил настапот на групата ДНК чии членови фатално завршија во пожарот и ги изгубија своите животи.

На што ќе наликува Кочани оваа сезона кога треба да се одржуваат семејни веселби, иселенички средби, спортски натпревари или воопшто културни настани овојпат се знае – насмевката веќе ја нема и радоста ќе биде променета со молк и тага – просто речено Кочани ќе биде место на молк и тага.

Алчноста за брза заработка доведе со трагедија која го потресе светот. Се надеваме дека оваа трагедија овојпат ќе ги освести властите да поведат повеќе грижа за безбедноста на младата генерација  зошто тие малку млади луѓе кои се уште се во Македонија се иднината на нацијата која лека полека исчезнува.

Младите се иселуваат, остануваат старите сами и без заштита, а кога една земја ќе се претвори во земја на старци што друго може да се очекува освен да исчезнеме. Секако пак ке кажам ако не се смени системот ќе се соочиме со само поголеми трагедии.

Вечна им слава на починатите, сочувство до семејствата на загинатите!

Никогаш повеќе да не се повтори, никогаш повеќе да нема трагедии во нашата убава Македонија.

 

Melbourne
overcast clouds
17.7 ° C
18.6 °
16.5 °
89 %
5.1kmh
100 %
саб
18 °
нед
21 °
пон
20 °
вто
21 °
сре
20 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img