18.8 C
Skopje
10.7 C
Melbourne
Thursday, 9 May, 2024
0
Дома Свет Блинкен: САД активно преговараат за пауза во борбите меѓу Израел и Хамас

Блинкен: САД активно преговараат за пауза во борбите меѓу Израел и Хамас

САД работат напорно со Израел и посредниците Катар и Египет за да ги решат преостанатите разлики околу договорот за заложници. Се очекува да се воспостави пауза во борбите меѓу Израел и Хамас, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен, цитиран од Ројтерс.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги оцени како нереални последните предлози на „Хамас“ за договорот за заложниците. Истовремено, тој информираше дека делегација ќе отпатува во Катар за да разговара за позицијата на Израел за потенцијалниот договор.

Зборувајќи за време на посетата на Австрија, Блинкен рече дека фактот дека Израел ќе испрати тим одразува „чувство на можност и итност“ да се постигне договор за ослободување на заложниците. „Имаме разговори што се случуваат сега додека зборуваме овде, и уверен сум дека тие ќе продолжат и во наредните денови“, им рече Блинкен на новинарите.

Кабинетот на Нетанјаху денеска соопшти и дека премиерот ги одобрил плановите за воена операција во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, дом на повеќе од еден милион луѓе, додавајќи дека армијата подготвува оперативни работи и евакуација на цивилното население.

Блинкен рече дека САД сакаат да видат јасен и остварлив план за воената операција во Рафах, вклучително и држење на цивилите од опасност, но додаде дека Вашингтон сè уште не видел таков план.

Melbourne
overcast clouds
10.7 ° C
12.6 °
9.5 °
90 %
0.5kmh
100 %
Wed
13 °
Thu
18 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
18 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img