Западните тенкови и воена опрема кои руските сили ги запленија во Украина завршија на изложба во Москва за која руската војска порача дека покажува дека западната помош не може да спречи руска победа во конфликтот.
Русите во долги колони поитаа на сончевиот Меѓународен ден на трудот на влезот на изложбата „Трофеите на руската војска“, кој се одржува пред музејот на советската победа над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Изложбата во Москва, на која се прикажани американски, германски, француски и други западните тенкови испратени во Украина, се случува само неколку дена откако Соединетите Американски Држави изгласаа нов пакет помош за Киев вреден 61 милијарда долари. Изложбата е организирана во време кога Русија напредува на истокот на Украина, додека Киев се жали дека нема доволно муниција и војници.
Во Паркот на победата во Москва се изложени и британски и австралиски оклопни возила заробени во Украина, со воена опрема произведена во Турција, Шведска, Финска и Чешка.
Првиот канал на државната телевизија на Русија пренесе дека ѕвезда на изложбата е запленет американски борбен тенк М1 Абрамс, кој руските сили го онеспособиле на истокот на Украина.