Пожарникарите исто така интервенирале и испумпувале вода по повици на граѓани од нивните куќи, дворови и подруми во Мала и Голема Речица.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека поројни дождови вечерва се забележани во западниот и централниот дел од земјава. Тие исто така предупредуваат дека поради интензивните врнежи на мали територии и за кратко времетраење можни се локални проблеми и излевања на помалите водотеци во западните и северо-западните делови од државата.
Службите предупредија дека поради поројните врнежи во Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Охрид, можни се локални урбани проблеми поради недоволен капацитет на атмосферската одведителна мрежа.
Дожд се очекува и во текот на ноќта на цела територија на државата, а пообилни ќе бидат врнежите во западните и северо-западните делови, каде се очекува да паднат над 40 литри на метар квадратен.