Глас за СДСМ на 8-ми мај е глас за поголеми плати и унапредени работнички права, глас со кој нема да се дозволи враќање на режимот во најава кој работниците ги сметаше за евтина работна сила. СДСМ ја зголеми минималната плата за скоро три пати од 8.000 на 22.500 денари и таа ќе продолжи да расте со воспоставена методологија, соопшти партијата.
„Просечната плата е двојно зголемена, во однос на 2016 година на речиси 40.000 денари. Платите во образованието и здравството се двојно поголеми, покачени се платите во образованието, полицијата, армијата, социјалните служби, во сите сектори.
СДСМ беше рамо до рамо со работниците во време на големите кризи – економската, енергетската и здравствената, помогна да се спасат илјадници работни места.
Со социјален дијалог ги решава предизвиците и го слуша гласот на работниците.
За наредниот мандат СДСМ гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.
Програмата за млади предвидува по 200 евра за прво вработување за млади до 26 години, субвенции и поволни цени за купување сопствен дом за млади до 29 години, како и гарантирана плата за млади, додека грантовите за отпочнување на сопствен бизнис за млади, се зголемува на 8.000 евра.
Платите на медицинскиот персонал значително ќе се зголемат. Специјалистите ќе имаат до 180.000 денари плата, општите доктори, до 120.000 денари. Медицинските сестри, до 90.000 денари.
Работниците и нивниот труд се двигател на секоја економија, на секоја држава.
Нема да се откажеме од унапредување на работничките права, раст на платите, подобро платени работни места“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.