Лук Бореан во ист ден се ожени со својата свршеница, па периодот до веселбата го искористи за да го одигра мечот, а после него да го искористи за славјето откако стапна на лудиот камен. И Лук е хит во светскиот фудбал, како доказ колку фудбалот кај некого има значење.
Тој требаше да игра на мечот за Лајонс против Пенинсула Пауер во рамките првенството на НПЛ Квинсленд, а овој меч беше полуфинале. Но, пандемијата со коронавирус му направила проблеми, зашто сезоната со продолжението му влегла во претходно утврдениот термин за венчавка на 21 ноември.
Лук се нашол во тешка состојба, веќе закажаната венчавка со Елен требала да се одржи, ама тој сакал и да игра. Па заеднички нашле решение. Прво пред матичар на потпис, а потоа паузата до веселбата да ја искористат за фудбалски меч. Така тој со својата тазе сопруга дојдоа на мечот, тој играше, а таа од ложата го бодреше. После мечот, заедно повторно продолжија да си го прослават среќниот брак.
Лајонс победи со 4-1 и обезбеди финале, па така денот уште повеќе ќе го памети.