20.8 C
Skopje
14.7 C
Melbourne
Monday, 6 May, 2024
0
Дома Македонија Шпекулациите излегоа неточни – По ден пауза, Пендаровски се враќа со кампања

Шпекулациите излегоа неточни – По ден пауза, Пендаровски се враќа со кампања

Првиот ден по првиот круг на Претседателските избори, претседателскиот кандидат поддржан од коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски немаше активности. Немаше ниту предизборни реклами и претставување на медиумите, додека неговата противкандидатка, која има двојна предност, Гордана Силјановска Давкова продолжи со интензивната кампања, а гостуваше и на неколку медиуми.

Поради овој невообичаен тек на настаните, почнаа прашањата дали продолжува кампањата на Пендаровски, особено што коалицијата на СДСМ имаше свои активности во рамките на кампањата за Парламентарните избори на 8 мај. Шпекулациите дополнително ги подгреа обраќањето на Димитар Ковачевски во средата вечер по соопштувањето на резултати, кој имаше и директно обраќање до Пендаровски дека „рамо до рамо ќе се бори со Пендаровски во вториот круг“.

Дилемите беа решени со најавата дека Стево Пендаровски вечерва е во Крушево, каде според резултатите, имаше убедлива предност пред Силјановска Давкова.

Според законот, дури и ако кандидатите или еден од двајцата кандидати во втор круг на изборите за Претседател на државата, одлучи да не води кампања, за нив/него ќе се гласа.

-Имињата на гласачкото ливче ќе стојат на двајцата кандидати, појасни Александар Спасеновски, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет.

Додека се прават калкулациите околу потенцијалниот пренос на гласовите од албанскиот политички блок, се’ уште е отворено прашањето, кое се наметна со изјавите на некои од политичарите, дали коалицијата предводена од ДУИ ќе одлучи да ги бојкотира Претседателските избори.

Melbourne
clear sky
14.7 ° C
15.5 °
12.3 °
79 %
3.6kmh
6 %
Mon
14 °
Tue
16 °
Wed
17 °
Thu
17 °
Fri
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img