Унгарскиот премиер Виктор Орбан јавно го поддржа поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се соочува со 37 обвиненија за неправилно ракување со доверливи документи.
Вашата борба е за добро и никогаш не се откажувајте!“, напиша Орбан на Твитер.
Обвинението против Трамп беше обелоденето во петокот, а тој се соочува со обвиненија кои вклучуваат намерно задржување информации за националната одбрана и давање лажни изјави.
Трамп ги негира наводите и тврди дека неговите постапки биле дозволени според Законот за зачувување на претседателските документи.
Поранешниот американски претседател следната недела треба да се појави пред судот во Мајами за понатамошна постапка.