4.8 C
Skopje
26.6 C
Melbourne
сабота, 1 февруари, 2025
0
Дома Популарно Џорџ Сорос му ја препушти фондацијата „Отворено општетство“ на синот Александар

Џорџ Сорос му ја препушти фондацијата „Отворено општетство“ на синот Александар

Американскиот милијардер Џорџ Сорос (92) му го предаде раководството на својата Фондација „Отворено општество“ на својот син Александар Сорос, објави Гардијан.

Џорџ Сорос претходно имаше изјавено дека не сака ниту едно од неговите пет деца да ја преземе неговата фондација.

Сепак, тој го назначи Александар за директор на една од најбогатите филантропски фондации во светот.

„Тој тоа го заслужи“, изјави Сорос, чие богатство се проценува на 6,7 милијарди долари.

37-годишниот Александар, кој беше ангажиран во фондацијата „Отворено општество“ уште во декември, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека е „повеќе вклучен во политиката“ од неговиот татко и дека планира да продолжи да донира семејни пари за левичарските кандидати во САД.

Неговиот татко е еден од најголемите донатори на демократските кандидати во американската политика, пишува „Еуроњуз“.

Фондацијата, каде Александар ја извршуваше функцијата потпретседател од 2017 година, насочува околу 1,5 милијарди долари годишно на групи кои ги поддржуваат човековите права и градењето демократија.

Melbourne
clear sky
26.6 ° C
31.5 °
26.6 °
71 %
4.6kmh
0 %
саб
27 °
нед
37 °
пон
37 °
вто
33 °
сре
22 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img