16.8 C
Skopje
13.1 C
Melbourne
Thursday, 9 May, 2024
0
Дома Македонија Внук на Али Ахмети е сопственик на една од компаниите која го...

Внук на Али Ахмети е сопственик на една од компаниите која го купува бизнис-центарот „Соравиа“

Семејството на Ахмети го шири бизнисот, компанијата Тор Индустрис во сопственост на Дрин Ахмети, внук на лидерот на Дуи Али Ахмети, заедно со албанската фирма Пе-вла-ку ќе ја преземаат контролата врз бизнис центарот Соравиа во строгиот центар на Скопје.

Иако комисијата за заштита од конкуренција веќе објави информација како најава за промена на сопственоста на Соравиа, сепак конечна одлука и натаму нема.

– Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација – велат од Комисијата за заштита од конкуренција.

Со увид на тв 24 во податоците, се гледа дека Дрин Ахмети е сопственик на Тор Индустрис уште од 2020 година, а неговото име се врзува и со компанијата „Еверест ЏД“, каде Дрин се јавува како косопственик, а која пак има активна концесија за експлоатација на локалитетот Буковиќ во Зајас.

Оваа фирма досега добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат. Дрин всушност е син на братот на Ахмети, Фекри, а не е првиот кој како близок роднина на истакнати политичари самостојно води големи компании. Покрај внукот, и синот на Али, Шкумбин Ахмети се јавува како еден од сопствениците на компанијата Мега Повер, чија дејност е производство на струја.

Не само на Ахмети , туку деца и блиски на други финакциоери веќе велгоа во различни бизнис, пред се енергетскиот сектор, сопствена фирма за струја има и синот на екс премерот Зоран Заев, а лани и сопругата на Ковачевски влезе во овој бизнис. Опозицијата неодамна обвини и дека вицепремерот Артан Груби исплаќа државни средства на компанијата ЕТЦ Травел, во сопственост на неговиот брат, Ветон Груби.

Melbourne
fog
13.1 ° C
14.7 °
11.5 °
91 %
2.1kmh
75 %
Thu
18 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
18 °
Mon
21 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img