Според интегративците, ВМРО-ДПМНЕ е организација на лажни патриоти „кои молат Бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национализам и подгревање тензии“
ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како точно напамет ги знае сите тендери во општините каде што ВМРО-ДПМНЕ раководи, реагираат од ДУИ на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на која, меѓу другото, беа искажани низа обвинувања за функционери на ДУИ за криминал и корупција.
„Десетици судски случаи се сè уште активни против нивни истакнати функционери кои не успеаја да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која воопшто треба да зборува на тема криминал и корупција. Мицкоски и неговите соработници ги ставија рацете во медот уште при прво доаѓање на власт докажувајќи дека од нив нема да може друго да се очекува. ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит“, велат од ДУИ
Според интегративците, ВМРО-ДПМНЕ е организација на лажни патриоти „кои молат Бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национализам и подгревање тензии“.
„Му порачуваме на Мицкоски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде перцепција дека е политичар од прва лига. ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по кој било случај или сомнеж за нерегуларности“.