Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложил својата државна посета на Германија закажана за вторник, претходно планирана за недела навечер, соопшти германското претседателство, а објавата следи по четиридневните улични немири во Франција.
„Германскиот претседател жали поради откажувањето на посетата и совршено добро ја разбира ситуацијата“ во Франција, се наведува во соопштението.
Франк Валтер Штајнмаер „со големо внимание ја следи ситуацијата во Франција. Се надева дека насилството на улиците наскоро ќе престане и дека повторно ќе се воспостави социјален мир“, додал тој.
Блиски соработници на францускиот претседател кажале дека нов датум на посетата не е одреден.
Неименуван извор во Париз смета дека француските и германските државници имаат многу прилики за средби и дека државната посета пред сè е начин на прослава на француско-германското пријателство, и претставува повеќе од строго политичка средба, но моментот едноставно не ја дозволува.