Sunday, January 24, 2021
Home Здравје Околу 50 земји досега ја започнаа вакцинација против ковид

Околу 50 земји досега ја започнаа вакцинација против ковид

Индија, Јапонија и Тајван планираат да започнат вакцинација во првиот квартал од следната година, Филипини и Пакистан ќе го чекаат вториот квартал, а последни Авганистан и Тајланд дури во средината на 2021 година

Околу 50 земји започнаа вакцинација против новиот коронавирус, една година откако кинеските власти го уклучија алармот во Светската здравствена организација.

Кина, каде започна пандемијата, беше првата земја што започна со вакцинации, уште во летото кога сè уште ниту една вакцина не беше официјално одобрена. Дозите се резервирани за оние кои се најизлошени на заразата, работниците и студентите кои одат во странство, медицинските работници и други.

Досега околу пет милиони Кинези се вакцинирани, иако Пекинг дури денеска официјално ја одобри својата прва вакцина, изработена од „Синофарм“.

Русија на 5 декември започна о вакцинирање на ризичните групи со вакцината „Спутник Ви“, што ја разви рускиот национален епидемиолошки центар „Гамалеј“. Оттогаш, руската вакцина е одобрена во Белорусија и Аргентина, кои ги започнаа своите кампањи за вакцинација во вторникот.

Велика Британија беше првата земја што ја одобри употребата на вакцината на американската компанија „Фајзер“ и германската „Бионтек“. Британската кампања за вакцинација започна на 8 декември, а според официјалните податоци објавени денеска, до 27 декември речиси 950 000 луѓе ја примиле првата од двете дози на вакцината.

Велика Британија во средата прва ја одобри и вакцина од „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд. Таа ќе почне да им се дава на Британците од 4 јануари.

Канада и САД први ја одобрија вакцината „Модерна“

 

Канада и САД започнаа со вакцинација на 14 декември, а Швајцарија на 23 декември. Србија започна со вакцинација на 24 декември, а речиси сите земји на ЕУ тоа го сторија координирано минатиот викенд. Норвешка тоа го стори во неделата, а Исланд во понеделникот. Сите ја користат вакцината на „Фајзер“.

Соединетите држави и Канада се исто така првите две земји кои ја одобрија вакцината од американската компанија „Модерна“, која може да добие одобрение во ЕУ на 6 јануари.

Околу 2,8 милиони Американци веќе ја примија првата доза на вакцина за коронавирус. Во Европската унија, Германија досега вакцинираше најмногу луѓе – повеќе од 130 000 за пет дена.

Обединетите арапски емирати први започнаа со вакцинација на Блискиот исток

На Блискиот исток, Обединетите арапски емирати први започнаа кампања за вакцинација со дози на кинеската вакцина од „Синофарм“ на 14 декември во главниот град Абу Даби, додека во Дубаи на 23 декември започна вакцинацијата со дози на вакцината „Фајзер/Бионтек“.

Саудиска Арабија и Бахреин започнаа вакцинирање на 17 декември, Израел на 19 декември, Катар на 23 декември, Кувајт на 24 декември и Оман минатата недела. Сите овие земји во моментов користат вакцини на „Фајзер/Бионтек“, освен Бахреин, каде што се користи и вакцината „Синофарм“.

Израел, кој е во трка со времето за да вакцинира четвртина од населението за еден месец, веќе вакцинира 800 000 лица, Бахреин речиси 60 000, а Оман повеќе од 3 000 лица.

Турција доби дози на кинески „Синовак“ и планира да започне со вакцинација во средината на јануари.

Некои земји не брзаат да започнат со вакцинацијата

Во Јужна Америка, Мексико, Чиле и Костарика се првите земји кои започнаа со имунизација, и тоа на 24 декември со вакцината на „Фајзер/Бионтек“.

Во Азија, Сингапур вчера ја започна вакцинација со истата оваа вакцина. Но, другите земји на азискиот континент не брзаат. Индија, Јапонија и Тајван планираат да започнат вакцинација во првиот квартал од следната година, Филипини и Пакистан ќе го чекаат вториот квартал, Авганистан и Тајланд дури во средината на 2021 година.

И земјите од субсахарска Африка и Океанија сметаат дека не е време за вакцинација. Гвинеја започна вчера со првите 60 дози од руската вакцина „Спутник Ви“, пред да одлучи како натаму ќе се спроведува кампањата за вакцинација.

Популарно