Градоначалникот на Сарај и еден од лидерите на огнената фракција во ДУИ, Блерим Беџети во изјава за Журнал потврдува дека е против да се формира нова политичка партија и наведува дека истомисленици се и поранешните функционери Муса Џафери и Невзат Бејта.
Инсистираме за сите прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција, вели Беџети во разговор за порталот Журнал и потврдува;
„Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и треба разликите да ги решаваме внатре во ДУИ“, вели Беџети.
„Со формирање на нова партија би се расцепкало албанското бирачко тело, тоа го мислат и Муса Џафери и Невзат Бејт. Нема таква потреба“, нагласува Беџети.
Тој негира дека има соработка со ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека тие се фракција.
Во однос на уставните измени вели дека нема разлика со ставот на ДУИ и додава дека тоа прашање во интерес на европската интеграција на земјата треба да се затвори што поскоро.
Инаку, Меџити пред неколку дека изјави дека со последните внатрешни избори во ДУИ кои ги оцени како лажирани, се исцрпени сите можности за делување во партијата и дека на маса е и опцијата за формирање на ново политичко движење.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу не негира таква можност, но додава дека досега на оваа тема не се дебатирало бидејќи тие се партиска фракција и дека за сè ќе се дискутира наскоро.