1.8 C
Skopje
17.8 C
Melbourne
понеделник, 7 април, 2025
0
Дома Македонија Милошоски: Крила постојат во владејачките партии, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна...

Милошоски: Крила постојат во владејачките партии, ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието

Постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието, истакна пратеникот и висок функционер на оваа партија Антонио Милошоски коментирајќи ги изјавите на функционери од власта дека во партијата постојат струи и крила кои би гласале за уставните измени.

„Ние единствено што гледаме е дека постојат крила во владејачките партии, во владејачката партија ДУИ. Очигледна е на јавната сцена. Имаме речиси секојдневни коментари, реплики, препукувања на едното со другото крило во ДУИ. Меѓусебно се обвинуваат за непотизам, висока корупција, притисоци, закани и слично. ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери се кохезивна група во Собранието. Освен јавните изјави кои ги даваме преку медиумите и меѓусебните реплики, во моментов нема ниту формална ниту позадинска комуникација на власта со опозицијата. Власта со арогантното однесување кон нашите два предлози дадени на лидерската средба и немањето желба нив сериозно да ги разгледа, ги сруши мостовите за комуникација, рече Милошоски на Дневникот на Сител телевизија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека се прават последните подготовки на уставните измени и оти неговите очекувања се дека тие брзо ќе бидат доставени до Собранието.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Османи сонува дека некој од пратениците на опозициската партија ќе поддржи уставни измени, министерот вели дека можеби ќе се разбуди Мицкоски кога на телевизија ќе гледа како поминуваат уставните измени.

„Јас кажав во една прилика дека првпат идејата за уставни измени како решение на односите со Бугарија сум ја чул од висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и тоа на почетокот само што станав министер за надворешни работи почнав да се консултирам со луѓе и поканив и луѓе од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и таму беше, на тој разговор беше изразена идејата дека направивме грешка во 2001 кога се промени Уставот што не ги внесовме тогаш Бугарите. Неговиот став беше досега ќе имаше јасна и формална дистинкција по однос на мнозински македонски народ и бугарско малцинство кое што ќе си добиваше облик, форма итн. И така се разви таа идеја. Бугарите прво беа против. Значи, тоа беше време на владата на Борисов, апсолутно го отфрлија како начин на решавање на проблемот за да потоа влезе во машината како еден вид на решение. Таа линија, таа идеолошка линија која го даде предлогот постои таму и тие разговори“, рече Османи.

Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема, возвратија од партијата на Мицковски.

Melbourne
overcast clouds
17.8 ° C
18.5 °
16.9 °
65 %
2.2kmh
97 %
пон
18 °
вто
17 °
сре
20 °
чет
26 °
пет
23 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img