Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин треба да биде загрижен за својата безбедност, со оглед на историјата на мистериозните смртни случаи на критичарите на Кремљ.
„Да бев на местото на Пригожин, ќе бев многу загрижен. НАТО има политика на отворени врати, Русија има политика на отворени прозорци. Треба да бидеме многу внимателни во врска со тоа“, рече Блинкен денеска за време на посетата на форумот во Колорадо, пренесува Си-Ен-Ен.
Државниот секретар наведува дека е тешко да се знае точно колку е ослабено влијанието на Владимир Путин по бунтот на Вагнер минатиот месец, но дека сега дефинитивно има пукнатини во моќта на Путин.