21.8 C
Skopje
11.1 C
Melbourne
Thursday, 25 April, 2024
0
Дома Свет Пожар во италијанската област Калабрија, најавени високи температури

Пожар во италијанската област Калабрија, најавени високи температури

Пожарникарите се борат со шумски пожар во областа Калабрија во јужна Италија, а метеоролозите предупредуваат на нов пораст на температурата во наредните денови.

Шумски пожар зафати делови од Калабрија, откако минатата недела температурите надминаа 40 степени Целзиусови.

Дополнителни противпожарни екипи пристигнаа од регионите на Кампанија и Лацио, како од и градот Месина на Сицилија.

Метеоролозите предупредуваат на екстремно високи температури до 48 Целзиусови степени на југот на Италија и на Сицилија и Сардинија.

Делови од северна Италија беа погодени од силно невреме придружено со силен дожд и град.

Пожари беснеат и во Грција. Шумскиот пожар петти ден се шири на грчкиот остров Родос и принуди стотици луѓе да ги напуштат погодените села и плажи во саботата, соопштија властите.

Бродовите на крајбрежната стража и повеќе од 30 приватни чамци евакуираа најмалку 2.000 луѓе, вклучително и туристи, од плажите во близина на областите Киотари и Лардос на југоисточниот дел на островот, изјави портпаролот на крајбрежната стража Никос Алексиу.

Melbourne
clear sky
11.1 ° C
13.2 °
10 °
79 %
4.1kmh
0 %
Wed
12 °
Thu
15 °
Fri
15 °
Sat
16 °
Sun
21 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img