5.8 C
Skopje
15.2 C
Melbourne
сабота, 1 февруари, 2025
0
Дома Свет Нема крај: Неколку лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5...

Нема крај: Неколку лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени во турската провинција Адана

Неколку лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала што утрово ја потресе јужната турска провинција Адана, јави државната телевизија „ТРТ-Хабер“.

Претставникот на локалната власт во градот Џејхан, округот Адана, рече дека неколку луѓе се повредени откако скокнале од тераси или прозорци како резултат на паниката предизвикана од земјотресот. Има и материјална штета, има пукнатини на некои објекти

Земјотрес со јачина од 5,5 степени е регистриран утрово во јужната турска провинција Адана, која беше тешко погодена од разорните земјотреси на 6 февруари годинава, соопшти Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби. Епицентарот на земјотресот бил во градот Козан. Земјотресот се случил утрово во 8 часот и 44 минути, а неговата длабочина била 11,27 километри. Почувствуван е и во соседните провинции, вклучително и во Кахраманмарас (епицентарот на земјотресите од 6 февруари), Османије и Газиантеп, кои беа тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,6 и 7,7 степени по Рихтер на 6 февруари.

Melbourne
broken clouds
15.2 ° C
16.4 °
13.6 °
84 %
3.1kmh
75 %
пет
15 °
саб
26 °
нед
36 °
пон
38 °
вто
34 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img