13.8 C
Skopje
11.3 C
Melbourne
Tuesday, 7 May, 2024
0
Дома Популарно Трамп ќе биде реизбран за претседател - мешани реакции по новото обвинение

Трамп ќе биде реизбран за претседател – мешани реакции по новото обвинение

Зошто чекаа две и пол години за да ги поднесат овие лажни обвиненија, токму во средината на победничката кампања на претседателот Трамп за 2024 година, реагираше изборната кампања на поранешниот претседател, кој денес беше обвинет во истрагата на специјалниот обвинител Џек Смит за мешање во претседателските избори во 2020 година.

„Одговорот е, мешање во изборите!… Овој неамерикански лов на вештерки ќе пропадне и претседателот Трамп ќе биде реизбран во Белата куќа“, рече неговата кампања.

Специјалниот советник Џек Смит, пак, рече:

„Нападот врз Капитолот на нашата нација на 6 јануари 2021 година беше напад без преседан врз седиштето на американската демократија. Тоа е опишано во обвинението. Владата на САД… Во овој случај, мојата канцеларија ќе бара брзо судење за да може нашите докази да бидат тестирани на суд и судени од порота составена од граѓани“.

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд рече дека веднаш по нападот на демократијата на 6 јануари, Одделот за правда почнал најголема истрага во историјата на САД.

„ Господинот Смит и неговиот тим од искусни, принципиелни, агенти и обвинители од кариера ги следеле фактите и законите каде и да водат. Сите прашања во врска со ова прашање ќе треба да бидат одговорени со поднесоци направени во судница“.

Републиканскиот гувернер Рон Десантис, кој се кандидира против Трамп за претседателска номинација рече дека „како претседател, ќе ја прекинам злоупотребата на владата, ќе го сменам директорот на ФБИ и ќе обезбедам единствен стандард за правда за сите Американци. Иако видов извештаи, не го прочитав обвинението. Сепак, верувам дека ни треба да се донесат реформи за Американците да имаат право да ги отстранат случаите од Вашингтон во нивните матични области“.

Демократската поранешна спикерка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси вели:

„Обвиненијата наведени се многу сериозни и тие мора да се одвиваат низ правниот процес, мирно и без никакво надворешно мешање. Како и секој обвинет за криминал, поранешниот претседател е невин додека не се докаже вината“.

Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Чак Шумер и лидерот на демократите во Претставничкиот дом Хаким Џефрис изјавија:

„Бунтот на 6 јануари 2021 година беше еден од најтажните и најозлогласените денови во американската историја, лично оркестриран од Доналд Трамп и поттикнат од неговата подмолна голема лага во обид да ги поткопа изборите во 2020 година… Ова обвинение ќе биде остар потсетник за генерации Американци дека никој, вклучително и претседател на САД, не е над законот“.

Спикерот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти реагираше:

„Сите во Америка можеа да видат што ќе следи следно: обид на Одделот за правда да го одвлече вниманието од вестите и да го нападне фаворитот за републиканската номинација, претседателот Трамп. Републиканците во Претставничкиот дом ќе продолжат да ја откриваат вистината за Бајден Inc и двостепениот систем на правдата“.

Републиканскиот претседавач со комитетит за судство на Претставничкиот дом Џим Џордан вели дека „кога ќе го исцедите мочуриштето, мочуриштето возвраќа. Претседателот Трамп не направи ништо лошо“.

Републиканецот Аса Хачинсон, кој се кандидира против Трамп за претседателска номинација рече:

„Отсекогаш сум велел дека Доналд Трамп е морално одговорен за нападот врз нашата демократија. Сега, со денешното обвинение, нашиот систем на правда ќе утврди дали тој е кривично одговорен“.

Демократскиот сенатор Дик Дурбин рече:

„Ниту еден човек, дури ни поранешен претседател, не е над законот. Гневот и огорченоста што Доналд Трамп ги поттикна со неговата „голема лага“ ја стави земјата на половина чекор подалеку од уставна криза“.

Портпаролот на Белата куќа изјави: „Ние би ве упатиле до Одделот за правда, кој независно ги спроведува своите криминални истраги“.

Melbourne
mist
11.3 ° C
12.6 °
7.5 °
91 %
4.1kmh
20 %
Tue
16 °
Wed
18 °
Thu
17 °
Fri
17 °
Sat
19 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img