Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор, денес беше осуден на дополнителни 19 години затворска казна, откако беше прогласен за виновен по низа нови обвинувања, објавија поддржувачите на Навални на социјалните мрежи.
Еден од најжестоките критичари на рускиот претседател Владимир Путин веќе служи 11 и пол години во казнената колонија за проневера.
Тој е обвинет по повеќе точки, за кои Навални тврди дека се измислици за политички да се замолчи.
Пред денешната пресуда 47-годишниот политичар кажа дека мисли дека ќе добие долга „сталинистичка“ казна во траење од околу 18 години затвор.
Неговото политичко движење е забрането во Русија и се смета за екстремистичко здружение.