Рубљата денес падна на најниска вредност во однос на американскиот долар уште од првите денови на војната во Украина.
Со тоа од почетокот на годината рубљата изгубила околу 30 отсто од вредноста.
Рубљата денес вреди најмалку од 28 март 2022 година.
По почетокот на руската инвазија во Украина на 22 февруари 2022, рубљата падна на околу 120 за еден долар, но брзо се крена по мерките на руската централна банка.