Sunday, March 7, 2021
Home Македонија Собраниската расправа за Законот за попис завршува утре - Опозицијата бара законот...

Собраниската расправа за Законот за попис завршува утре – Опозицијата бара законот да се повлече

Не може да се има доверба во попис во кој клучните податоци ќе се добиваат од државни бази што не се ажурирани, потоа за кој не е утврдена методологијата со закон, во кој ќе нема потпис на попишувачот дека внесува точни податоци и во кој ќе се попишува без документи за идентификација.

Ова се аргументите со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ втор ден ги бранеа позициите дека законот за попис е лош, а статистичката операција во април ќе биде избрзана за време на пандемија и политизирана.

Од партијата на Мицкоски и денеска со барање законот да биде повлечен од собраниска расправа и да се отвори поширока јавна расправа за пописот. Доколку, сепак, законот се донесе тие ќе инцираат собрање на граѓански потписи за нов закон со кој ќе се поништи тековниот. Граѓанските потписи треба да и покажат на власта дека народот не се согласува со ваков попис, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од власта пак, сметаат дека опозицијата намерно го бојкотира процесот, а тврдат дека со законското решение операцијата ќе биде исклучиво статистичка.

Расправата на пленарна седница трае три дена. Утре се очекува законот да биде изгласан бидејки власта освен своите пратеници ја доби поддршката и од албанската опозиција.

Популарно

- Реклама -