Компанијата Оушн клинап во текот на оваа недела, при чистење на дел од Тихи Океан, извлекла 11.353 килограми пластичен отпад.
Оушн клинап е непрофитна организација специјализирана за чистење на океаните и располага со модерна технологија.
Овој потфат се смета за едно од најголемите чистење на океаните во историјата.
Основниот мотив на чистењето на океаните од пластика и друг отпад е здравата еколошка средина. Чистењето на океаните се одвива во две фази: прво се собира пластиката по различни одбрани делови на океанот, а потоа со специјална технологија се извлекува на брод со специјална намена.
Покрај океаните, се чистат и речните текови бидејќи по нив ѓубрето стигнува во океаните.