5.8 C
Skopje
12.2 C
Melbourne
Friday, 19 April, 2024
0
Дома Македонија Димитриевски: Истакнувањето на обележје од т. н. голема Албанија е спротивно на...

Димитриевски: Истакнувањето на обележје од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите, за ваков ли соживот се боревме

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски го осуди вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, како и одлуката за промена на името на улицата „Втора Македонска ударна бригада“.

„Го осудувам јавно вчерашниот протокол и организацијата при пречекот на косовскиот Премиер Албин Курти во Општина Чаир, како и одлуката за промената на името на улицата Втора Македонска ударна бригада.
– Неинтонирањето на државната химна, неистакнувањето на државното знаме, интонирањето на химната на друга држава и истакнувањето само на знамињата на заедницата и знамињата на туѓа држава е спротивно на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија и Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија.
Истакнувањето на обележје на јавен собир во Тетово од т. н. голема Албанија е спротивно на Уставот и Законите на државата.
– Ги повикувам надлежните, во овој случај МВР и ОЈО да постапат согласно овластувањата и преземат постапки против одговорните и сторителите а надлежниот суд истите да ги санкционира доколку сеуште оваа власт има супрематија!?
– Јавно прашање до раководството и моите довчерашни сопартијци:
– За ваков ли соживот и взаемно почитување се боревме под паролата” Едно општество за сите”?!
– Како се чувствувате денеска кога спомените на нашите паднати дедовци и баби, партизани, антифашисти од НОБ (од сите народи и народности од Македонија во тоа време) СЕ БРИШАТ и менуваат со имиња на борци за национални каузи?
– Вие втор ден молчите а молкот во овој случај е повеќе и од срам“, вели Димитриевски.

Melbourne
light intensity drizzle
12.2 ° C
13.2 °
11.2 °
92 %
4.1kmh
75 %
Thu
14 °
Fri
18 °
Sat
17 °
Sun
16 °
Mon
22 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img