5.8 C
Skopje
14.5 C
Melbourne
понеделник, 19 мај, 2025
0
Дома Свет Севернокорејскиот лидер и Путин размениле писма за поблиска соработка

Севернокорејскиот лидер и Путин размениле писма за поблиска соработка

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и рускиот претседател Владимир Путин размениле писма во кои ветуваат дека ќе ги развијат своите врски во, како што рече Ким Џонг-ун, „долгорочни стратешки односи“, јавија светските медиуми, цитирајќи севернокорејска новинска агенција.

Писмата се по повод 78-годишнината од ослободувањето на Кореја од јапонската колонијална власт (1910-1945).

Во своето писмо до Путин, севернокорејскиот лидер наведе дека пријателството на двете земји е создадено во Втората светска војна со победата над Јапонија и сега „целосно ја покажа својата непобедливост и моќ во борбата за разбивање на самоволието и хегемонијата на империјалистите“, посочува севернокорејската новинска агенција.

„Цврсто сум уверен дека пријателството и солидарноста… ќе продолжат да се развиваат во долгорочни стратешки односи во согласност со барањата на новата ера. Двете страни секогаш ќе излезат како победници со силна поддршка и соработка во текот на постигнувањето на заедничката цел и кауза“, се вели во писмото на Џонг-ун.

Melbourne
few clouds
14.5 ° C
15.2 °
14.1 °
53 %
5.1kmh
20 %
пон
14 °
вто
17 °
сре
15 °
чет
16 °
пет
16 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img