Saturday, March 6, 2021
Home Технологија Whatsapp објави дека времено ги одложува условите за користење, сепак штетата е...

Whatsapp објави дека времено ги одложува условите за користење, сепак штетата е веќе направена

Whatsapp објави дека ги одложува промените на условите за користење на три месеци, откако многу корисници ја избришаа апликацијата од страв дека оваа услуга за пораки ќе ги сподели нивните доверливи информации со Facebook.

Измените требаше да стапат на сила на 8 февруари, а сега компанијата објави дека тоа нема да се случи пред 15 мај.

Со оваа најава и кампањата за зачувување на старите услови за користење, Whatsapp се обиде да спречи масовен трансфер на корисниците на други платформи, пишува Ројтерс.

Whatsapp истакна дека ажурирањето нема да влијае на фактот дека повеќе податоци се споделуваат со Facebook, но првенствено е насочена кон помагање на другите компании за подобра комуникација со клиентите преку таа платформа.

„Знаеме дека има забуна и дезинформации во врска со ова ажурирање и сакаме да ги објасниме нашите принципи и факти“, нагласија тие во објавата на блогот.

Разговорите и преписката на Whatsapp, како и локацијата и директориумот сепак ќе бидат шифрирани, така што ниту Facebook ниту Whatsapp нема да можат да ги користат тие приватни информации, тврдат од компанијата.

Најавата за ажурирање на условите за употреба минатата недела создаде паника и предизвика гнев кај многу корисници кои изјавија дека станува збор за напуштање на основните вредности на Whatsapp, што им донесе репутација за заштита на корисничките податоци на оваа платформа.

Сепак, штетата е веќе направена – деновиве има големо зголемување на преземањето на апликации како што се Signal и Тelegram од Apple и Play Store.

Популарно

- Реклама -