23.8 C
Skopje
18.6 C
Melbourne
петок, 18 април, 2025
0
Дома Македонија Ангелов: Шумите се палат намерно за потоа да падне цената на дрвата

Ангелов: Шумите се палат намерно за потоа да падне цената на дрвата

Шумите се палат намерно за потоа дрвата да бидат поевтини. Крадците на дрва палат шума за потоа да ја купат поевтино, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и додава дека со државата работат во надминување на овој проблем.

Во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, на прашањето која е причината за пожарите во Македонија, Ангелов посочи дека за жал, тоа е човекот.

Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири – додава тој.

Директорот на ЦУК соопшти дека статистиките се алармантни, а пожарникарите секојдневно гаснат по 20 пожари.

Во јули имавме 210 пожари, 60 беа ниска трева, а седум во јули влегоа во квалитетна шума и предизвикаа загуба. Досега имаме 223 пожари на отворено. Но, сега имаме многу подобра реакција, и сега имаме рана детекција, сега се нанесува тој почетен удар. Јас сум задоволен од храбрите пожарникари кои веднаш излегуваат на терен – заклучи Ангелов.

Melbourne
broken clouds
18.6 ° C
19.4 °
17.7 °
82 %
3.1kmh
75 %
пет
18 °
саб
27 °
нед
25 °
пон
19 °
вто
21 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img