Моравјецки зборуваше за заканата која интеграцијата на Вагнер под руското раководство по смртта на шефот на платениците Евгениј Пригожин претставува за Источна Европа, но се осврна и на влијанието во Африка.

Вагнер е активен во неколку земји на континентот – пред сè во Централноафриканската Република и Мали.

Британски Телеграф пишува дека Вагнер поттикнувал нестабилност, зајакнал авторитарни режими и ограбувал природни ресурси во африканските држави.

Политичките, воените и економските активности на приватната безбедносна група несомнено ќе опстанат бидејќи се премногу вредни за Москва да дозволи да исчезнат, имајќи ја предвид способноста на групата да се уфрли во клучни стратегиски региони и да поттикне антизападно расположение.

Пример се случувањата во африканската држава Нигер во која воената хунта на крајот на минатиот месец го урна демократски избраниот претседател, ги прекина врските со Франција и побара помош од Вагнер, кој веќе дејствува во неколку африкански земји, да се одржи на власт.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави кога се случи воениот удар дека Вагнер не ја предизвикал нестабилноста во Нигер, но дека ја користи ситуацијата.

Кажа дека САД се загрижени поради можноста Вагнер да почне да дејствува бидејќи, според него, секаде каде што ќе дојдат „следат смрт, уништување и експлоатација“, мислејќи на нивното присуство во Мали и Буркина Фасо во кои владее воена хунта која со пуч го урнала претседателот.

Министерството за финансии на САД наведува дека Вагнер исто така неодамна ги снабдувал суданските сили за брза поддршка со ракети земја-воздух и дека во таа држава е присутен од 2017 година.

Вагнер во економска смисла е клучен бидејќи создава огромни приходи за воената каса на Кремљ со шверц на злато, дијаманти и други минерали од Африка за да се избегнат санкциите на Западот.

Вагнеровиот отпечаток во Африка е изграден на крв и богатство, со склучување договори кои на групата на Пригожин ѝ давале пристап до вредни ресурси кои биле исплата за нејзината воена поддршка, пишува Би-би-си.

Како што трае војната, Москва ќе мора не само да ги одржи овие активности туку и да ги прошири, а отстранувањето на Пригожин може да му помогне на Кремљ тоа да го постигне.

Отстранувањето на човекот кој станал премногу моќен му овозможува на Путин да обезбеди поголема лојалност од африканските влади кои ги одржува на власт.

На Пригожин, дури и откако се обиде да изврши пуч во Русија па се повлече, му беше дозволено да се сретне со националните лидери и дипломати на минатомесечниот самит Африка-Русија во Санкт Петербург.

Весникот наведува дека таа постапка на Кремљ сведочи колку сериозно Москва го сфаќа одржувањето на односите со африканските држави.

Советникот на претседателот на Централноафриканската Република Фостен Арканж Таудер, кој поприлично зависи од Вагнер, јасно даде до знаење дека односите со руските платеници нема да се променат по смртта на Пригожин.

„Ќе се најде друг шеф“, кажа советникот.

Руските платенички операции на африканскиот континент ќе станат уште поефикасни бидејќи средствата на Вагнер ќе станат практично неограничени. Оваа растечка закана е опасен дел од многу поголемиот проблем за Западот, додека Русија и Кина итаат напред во Африка додека прават сè што можат да го избркаат западното влијание и економскиот лост.

Ова е момент за африканските лидери вистински да применат африкански решенија за африканските проблеми, со спроведување свои конвенции и изградба на институции и кредибилни, одговорни безбедносни сили.