11.8 C
Skopje
9.2 C
Melbourne
Saturday, 4 May, 2024
0
Дома Популарно Дали БРИКС ќе стане суперсила? Москва и Пекинг сакаат да го уништат...

Дали БРИКС ќе стане суперсила? Москва и Пекинг сакаат да го уништат доларот, но САД сè уште немаат причина за страв

Во сенка на уривањето на авионот на сопственикот на Вагнер, остана самитот на БРИКС, блок кој сака да се спротивстави на доминацијата на американскиот долар во меѓународната трговија, но бара и реформи на ОН и Советот за безбедност на ОН со поголемо учество на земјите членки на овој блок.Шест земји добија покана да се приклучат на БРИКС, додека десетици тоа го очекуваат.

Јавно се поставува прашањето дали може ли БРИКС да стане суперсила како што посакуваат (и најавуваат) Кси Џинпинг и Владимир Путин?

На самитот на БРИКС во Јоханесбург, Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати добија покана за членство во блокот. Овие земји треба да се приклучат на блокот од 1 јануари 2024 година, од кога алијансата треба да се нарекува БРИКС плус.

„Со овој самит БРИКС отвори ново поглавје. Ново поглавје за создавање праведен свет. Праведен свет. Свет кој е инклузивен и просперитетен“, изјави јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза.

Според лидерите на БРИКС, околу 40 земји сакаат да бидат дел од овој блок. Меѓу оние кои се борат да се приклучат, некои земји традиционално се неврзани, како што се Индонезија и Етиопија. Но, некои земји се отворено непријателски настроени кон САД и нивните сојузници, како што се Иран и Венецуела.

Многу набљудувачи веруваат дека Алијансата БРИКС плус ќе го премести политичкиот и економскиот центар на гравитација ширум светот. Старата групација БРИКС претставуваше 42 отсто од светското население и околу 25 отсто од глобалното економско производство. БРИКС плус, идната групација, ќе претставува 37 отсто од светската економија и 46 отсто од светското население, наведува Дојче веле.

Новата развојна банка основана во 2015 година од членките на БРИКС со амбиција да понуди нов избор покрај Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд веќе доби нови членови. Тоа се Бангладеш, Обединетите Арапски Емирати и Египет. Наскоро членка на таа банка ќе биде и Уругвај.

Заедничка валута БРИКС

Едно од прашањата што често се поставува и често се дебатира е дали БРИКС ќе добие своја валута. Мислењата се различни, а најголем заговорник за воведување на заедничка валута е Бразил.

Претседателот на таа земја, која е основач на БРИКС, Луис Инасио Лула да Силва ги повика членките на алијансата да создадат заедничка валута за меѓусебна трговија и инвестиции, како средство за намалување на нивната чувствителност на флуктуации на курсот на доларот. . Како што рече, нациите кои не користат долар не треба да бидат принудени да тргуваат со таа валута.

„Валутата БРИКС ги зголемува нашите опции за плаќање и ја намалува нашата ранливост“, рече тој на отворањето на самитот.

Сепак, на последниот самит на БРИКС заедничката валута не беше тема, иако повремено може да се слушнат и такви идеи. Засега, сепак, нема јасен план за заедничка валута

Пред еден месец , индискиот министер за надворешни работи изјави дека „нема идеја за валута на БРИКС“, додека пред самитот во Јужна Африка, индискиот министер за надворешни работи рече дека ќе се разговара за зајакнување на трговијата со национални валути.

И рускиот претседател Владимир Путин, кој се приклучи на самитот преку видео врска, рече дека на состанокот ќе се разговара за транзицијата на трговијата меѓу земјите-членки од долари во национални валути.

Официјални лица и светските економисти укажуваат на потешкотии во проектот за формирање заедничка валута, со оглед на економските, политичките и географските разлики меѓу Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, земји кои во моментов го сочинуваат блокот.

„Изградбата на валута БРИКС би бил политички проект. Ако го сакате тоа, ќе треба да формирате банкарска унија, ќе треба да добиете фискална унија, ќе мора да постигнете макроекономска конвергенција. Плус ќе им треба заедничка централна банка… каде ќе се наоѓа?“, изјави гувернерот на јужноафриканската централна банка Лесетја Кгањаго, пренесува Ројтерс.

Трговската нерамнотежа е исто така проблем, напиша Херберт Поениш, виш соработник на Универзитетот во Жеџијанг, во блог за тинк-тенк ОМФИФ.

„Сите земји-членки на БРИКС ја имаат Кина како главен трговски партнер и малку тргуваат меѓу себе“, рече тој.

Дали американскиот долар е во опасност?

Лидерите на БРИКС рекоа дека сакаат повеќе да ги користат нивните национални валути наместо доларот, кој драстично порасна во изминатата година бидејќи Федералните резерви ги зголемија каматните стапки и Русија ја нападна Украина, поскапувајќи ги долговите деноминирани во долари и го поскапи увозот .

Минатата година, санкциите против Русија во глобалните финансиски системи, исто така, ги поттикнаа шпекулациите дека незападните сојузници ќе се оддалечат од доларот.

„Објективниот, неповратен процес на дедоларизација на нашите економски врски добива на интензитет“, изјави Путин на самитот кој се одржа пред неколку дена.

Учеството на доларот во официјалните девизни резерви падна на 20-годишното минимум од 58 отсто во последниот квартал од 2022 година и 47 отсто кога се приспособи за промените на девизниот курс, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

Сепак, доларот сè уште доминира во глобалната трговија. Тој е на едната страна од речиси 90% од глобалните девизни трансакции, според Банката за меѓународни порамнувања.

Дедоларизацијата ќе бара безброј извозници и увозници, како и заемопримачи, заемодавачи и трговци со валути ширум светот, сами да одлучат да користат други валути.

Melbourne
broken clouds
9.2 ° C
11.6 °
7.8 °
91 %
3.6kmh
75 %
Sat
16 °
Sun
18 °
Mon
19 °
Tue
19 °
Wed
17 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img