23.8 C
Skopje
18.6 C
Melbourne
петок, 18 април, 2025
0
Дома Македонија Дали има амнестија со измените во кривичниот законик? Ковачевски и Пендаровски се...

Дали има амнестија со измените во кривичниот законик? Ковачевски и Пендаровски се правдаат, опозицијата не се согласува!

Премиерот и претседателот продолжуваат со оправдувања за измените на КЗ. Во овие измени нема никаква амнестија за екс функционерите, тврди премиерот Димитар Ковачевски. Според него, целта е да има побрзи казни и конфискација на имот кој е стекнат нелегално.

Претседателот Пендаровски со свои образложенија. Како што вели, со овие измени на законот не се предвидува никаква амнестија за функционерите туку напротив, ќе се олесни постапката за конфискување имот.

Одлуката на претседателот Пендаровски да го потпише декретот на законот за КЗ не беше добро пречекана од опозицијата. Од Алтернатива велат дека со оваа постапка на претседателот, се овозможува амнестија за избраните и назначени лица.

Инаку овој закон во Собрание на пленарна седница за гласање се најде по неполни два дена. Во Собрание се изгласа со 48 гласа за, 36 против и еден воздржан од вкупно 104 присутни пратеници.

Melbourne
broken clouds
18.6 ° C
19.4 °
17.7 °
82 %
3.1kmh
75 %
пет
18 °
саб
27 °
нед
25 °
пон
19 °
вто
21 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img