19.8 C
Skopje
26.6 C
Melbourne
сабота, 19 април, 2025
0
Дома Македонија Опозициските партии на Албанците во Македонија: Груби ја затскрива корупцијата зад американската...

Опозициските партии на Албанците во Македонија: Груби ја затскрива корупцијата зад американската амбасадорка

Алтернатива, Движењето БЕСА и Демократско Движење денеска заеднички реагираат затоа што, како што велат не можат да молчат кога за неодамнешните случаи и случувања каде што корупцијата и конфликтот на интереси дишат слободно.

Тие велат дека се среќни поради изградбата на коридорите 8 и 10д, но не можат да молчат кога Артан Груби и ДУИ ја злоупотребуваат својата моќ, произведувајќи и прикривајќи нови корупциски скандали, само за да имаат корист од секоја страна.

Трите партии велат дека Артан Груби „ја злоупотребува својата улога за да го персонализира успехот, како да не е доволен фактот што има конфликт на интереси среде проектот, со оглед на тоа што компаниите ЕУРОВИА и АК ИНВЕСТ се главните и најголемите донатори на ДУИ, дури и го злоупотребува присуството на амбасадорот за да прикрие вакви корупциски скандали“.

Тие тврдат дека Груби го злоупотребува присуството на американската амбасадорка Анџела Агелер за да покрие партиски донатори на ДУИ и прашуваат колку милиони државни пари ќе се слеат на сметките на „Еуровиа“ и „Ак инвест“, а колку од тие средства ќе се слеат на сметката на ДУИ, и колку во џебовите на некои клиентелисти инсталирани околу Али Ахмети?

Melbourne
clear sky
26.6 ° C
27.2 °
25.6 °
30 %
5.7kmh
0 %
саб
27 °
нед
24 °
пон
20 °
вто
19 °
сре
22 °
Поврзано
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img