11.2 C
Skopje
13.1 C
Melbourne
Thursday, 25 April, 2024
0
Дома Македонија Мицкоски за Алсат: Доказите за оската ДУИ, СДСМ и Груевски се во...

Мицкоски за Алсат: Доказите за оската ДУИ, СДСМ и Груевски се во УСБ материјали

Отворената војна со Груевски се базира на докази и информации кои стигнуваат до мене – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицксоки во интервју за Алсат. Тајните средби вели тој ги потврдил и Ахмети кој зборуваше дека Заев и Груевски ја договорале амнестијата. Зборувајќи за тоа дали има докази за функционирање на како што вели тој оската Ахмети, СДСМ и Груевски, тој спомена и материјали кои на УСБ ги добиле челниците на ДУИ.

„Сигурно јас тој потег којшто го направив, не го направив затоа што ете така ми текнало, сигурно тоа се должи на една голема анализа, информации и многу докази коишто веќе неколку месеци пристигнуваат и до мене и до ВМРО ДПМНЕ. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои што ги добиваа на УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ, кои беа документите кои што беа дел од тие пликоа итн, можеби они подобро ќе ви одговорат“, рече Мицкоски.

За Груевски рече дека не му било јасно зошто одел на тие тајни средби, но и дека бил полн со омраза, самобендисаност и со лични фрустрации. Тој денеска на социјалните мрежи објави и фотографија со десната рака на Груевски, Гордана Јанкуловска а на прашањето која е пораката, кажа дека таа била жртва на политички прогон и дека партијата ќе се грижи за секој лојален член. Во однос на уставните измени, Мицоски рече дека тој и сите пратеници се истомисленици односно дека устваните измени не треба да се изгласаат.

„Ви кажувам дека ниту еден пратеник нема да гласа и држете ме за збор. Македонија е пред се. Мислам дека уставните измени се најпонижувачкиот дел за Македонија и мислам дека тоа што не ги гласаме и мислиме добро на Македонија. Ако се случеше такво нешто, тогаш ќе беше лошо за Македонија, затоа што ги слушате пораките кои што доаѓаат од Софија и од денешната новоизбрана европска комесарка која што јасно кажа кои се обврските на Македонија кои што се содржани и во Протоколите а таму се содржани озбилни обврски кои имаат јасна цел, а тоа е асимилација на македонскиот народ“, додава Мицкоски.

Мицкоски ја повика власта да распише предвремени избори – и да ја искористи сегашаната ситуација на ВМРО – за кое тврдат дека е поделено и се распаѓа.

Melbourne
overcast clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
73 %
4.3kmh
92 %
Thu
13 °
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
21 °
Mon
14 °
Поврзано
spot_imgspot_img

Популарно

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_imgspot_img