Лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски, денеска рече дека очекува повторно да се сретне со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која во моментов ја издржува затворската казна за случајот „Тенк“.
Вчера Мицкоски објави фотографија од заедничка средба со Јанкулоска во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а денеска за прв пат ја искоментира ситуацијата.
Мицкоски рече дека се работи за редовни средби со луѓе од партијата од актуелните, но и од претходните раководства.
„Ќе ми биде чест и некој друг викенд да се сретнеме. Сите оние жртви на тортура и политички реваншизам од страна на владата на СДСМ и ДУИ се добредојдени, рече Мицкоски.
Јанкулоска го користи вториот дел од годишниот одмор додека е во затвор, а средбата се случува во момент кога Мицкоски, влезе во фејсбук-војна со експремиерот, Никола Груевски.