Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија шири обвинувања за корупција во Украина со цел да ја подели поддршката на Западот.
„Пред сè, ова е добро познат руски наратив за корупцијата. Тие знаат дека не можат да го поделат општото единство на Европа и поддршката за Украина. САД и нивните разузнавачки служби дознаа за корените на идејата за тоа како да го поткопаат општеството, поддршката во светот“, рече Зеленски по самитот на политичката заедница на Европската унија во Гранада, пренесува Strana.ua.