Израел ги прошири планираните евакуации на северниот фронт кон границата со Либан во неделата, кога судирите со либанското шиитско движење Хезболах се интензивиираа откако пред две седмици израелската војска започна со одмазничките напади врз палестинската енклава Појасот Газа по нападите од радикалното сунитско движење Хамас.
По минатонеделната одлука за преселување на жителите од 28 погранични села и блискиот град Кириат Шмона, израелското министерство за одбрана соопшти дека на списокот додава уште 14 еврејски заедници од близината на границата со Либан.
Израелската војска и Хезболах сѐ почесто разменуваат оган преку граничната линија. Хезболах во неделата потврди загунување на шест неговои борци, сега вкупно 26 либански жртви од 7-ми октомври, во најголемата ескалација на насилствата по должината на границата, по 2006 година кога израелските сили доживеа дебакл во судирот со шиитското движење.
Најмалку пет израелски војници и еден цивили загинале на израелската страна од границата, според израелската војска..
Лидерот на Хезболах, Хасан Нусрала, најави обраќање во врска со ескалацијата на судирите, откако претходно во неделата беше соопштено дека внимателно го следи развојот на настаните и ги насочува командантите во битките.
Израелската војска соопшти во неделата дека погодила неколку позиции на Хезболах во Либан во текот на ноќта, вклучително и теренот од кој била истрелана ракета на еден од израелските дронови.
Телевизискиот канал Al-Manar, кој е контрола на Хезболах, извести за израелски бомбардирањеа околу Алма Шаба и околната област, којашто лежи западно од границата, како и во регионот на Аитарун, поисточно.
Областа околу либанскиот град Хула, наспроти од израелскиот град Кириат Шмона, исто така, цел на израелско бомбардирање, извести Al-Manar.
Извори на Reuters претходно изјавија дека нападите на Хезболах врз Израел се осмислени со цел израелската војска да биде ангажирана, а притоа да не се предизвика поголема војна. Израел, исто така, соопшти дека нема интерес да води војна и доколку Хазболах се контролира, статус-квото и натаму ќе се одржува.
Меѓутоа, растечките тензии ја поттикнаа загриженоста во регионот и поширокао од ризик од поширока конфронтација, со подготовките на Израел за копнена инвазија во Појасот Газа.