Израелската војска го обвини Хезболах дека бара воена ескалација, при што се заканува опасност во конфликтот да се вовлече и Либан, по новите судири на границата каде тензиите се многу високи. „Хезболах го вовлекува Либан во војната од што нема да има никаква корист, а ризикува многу да изгуби“, се закани портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус.
Либанскиот премиер Наџиб Микати пак извести дека „преку дипломатски контакти на меѓународно ниво и во арапскиот свет, како и со локалните состаноци кои се одржуваат се настојува да се прекинат израелските напади на Либан“. Целта на тие контакти е да се спречи конфликтот од Газа да се прошири на либанската територија.
Иран денес ги предупреди Израел и Соединетите Американски Држави дека ризикуваат „ситуацијата да избега од контрола“.